Мароко ќе биде домаќин на собранието на Светската организација за туризам на ОН во 2021

Рабат, Мароко ќе биде домаќин на претстојното, 24-то Генерално собрание на Светската организација за туризам на Обединетите нации (UNWTO) во 2021 година. Оваа одлука е донесена на 12 септември за време на 23-то Генерално собрание на Светската организација за туризам на Обединетите нации одржано во Санкт Петербург, Русија. 

Изборот на Мароко да биде домаќин доаѓа како резултат на гласањето на 107 делегации за време на Собранието, при што Мароко доби 76 гласа. По изборот Министерот за туризам на Мароко, Мохамед Сајид, изјави дека гласањето претставува уште една потврда за статусот на кралството како лидер во светскиот туризам. 

„Оваа победа е на Мароко и на стратегијата на Кралот Мохамед VI да се постигне одржлив и инклузивен развој во сите сфери. Овој успех исто така ја покажува и привилегираната позиција на Кралството во полето на туризмот благодарение на развојот и стабилноста“, рече Сајид.

Тој исто така изрази благодарност до земјите кои ја поддржаа кандидатурата на Мароко, велејќи дека ова е победа на целиот африкански континент. 

Светската организација за туризам е агенција на Обединетите нации задолжена за промовирање одговорен, одржлив и универзално пристапен туризам. Оваа агенција го промовира туризмот како двигател на економскиот раст, инклузивниот развој и одржливоста на животната средина.

Извештајот за туризмот и туристичката конкурентност од 2019, издаден од страна на Светскиот економски форум, го рангира Мароко на прво место во регионот Магреб и на второ место во Северна Африка. Според светскиот индекс, Мароко се наоѓа на 66-то место со 3,9 поени со што го надминува просекот во регионот МЕНА, како и глобалниот просек.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе