Мандатот на хонгконгшкиот парламент е продолжен за уште една година

Врховното кинеско законодавно тело одлучи да го продолжи мандатот на сегашниот состав на парламентот во Хонг Конг за една година откако ќе истече на 30 септември, затоа што планираните избори се одложени, објавија во вторник државните медиуми.

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Критичарите истакнуваат дека одлуката за одложување на изборите е политички мотивирана, велејќи дека таа има за цел да ја спречи хонгконгшката продемократска опозиција да профитира на бранот на поддршка на јавноста откако Кина во јуни на градот му наметна нов строг закон за национална безбедност.

Одлуката значи дека 70-члениот Законодавен совет на Хонг Конг ќе продолжи да ја врши должноста „најмалку една година“ сè додека новиот состав не преземе четиригодишен мандат, пренесе Ксинхуа.

Постојаниот одбор на кинескиот парламент ја поддржа одлуката на владата на Хонг Конг од 31 јули да ги одложи изборите закажани за 6 септември за една година, сметајќи дека тоа е „неопходно и соодветно“.

Владата ја оправда одлуката со епидемијата ковид-19 и потребата за заштита на јавното здравје.

Најмалку 12 продемократски кандидати, вклучително и голем број млади активисти и умерени демократи на Граѓанската партија, претходно беа дисквалификувани од учество на изборите поради идеолошки причини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JEROME FAVRE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе