Мускат го осуди „варварскиот напад“

Малта: Убиена блогерката која ја обвинуваше владата за корупција, ѝ поставиле бомба под автомобилот

Малтешката блогерка Дафне Каруана Галиција, чии обвиненија за корупција на владата доведоа до предвремени избори во јуни, денес загина во експлозија од бомба поставена под нејзиниот автомобил, соопштија полициски и политички извори.

Експлозијата се случила во местото Биднија, веднаш откако го напуштила домот, се вели во извештаите. Детонацијата била толку силна што возилото било фрлено во блиското поле, пренесе Ројтерс.

Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на прес-конференција свикана по злосторството го осуди „варварскиот напад“ и им нареди на безбедносните сили да ги употребат сите расположливи средства за сторителите да бидат доведени пред лицето на правдата.

„Она што се случи денес е неприфатливо на неколку нивоа. Денес е црн ден за нашата демократија и слобода на изразување“, рече Мускат и го повика островот на единство.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе