Малта нема да стане медитерански центар за спасување на мигранти, рече премиерот на Малта

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат реагираше на предлогот на лидерот на опозицијата даден претходно во текот на неделата во кој рече дека Малта треба да стане центар на операциите за спасување на мигрантите во Медитеранот.

Тој нагласи дека додека спасувањето на животот е од огромно значење, тој никогаш нема да прифати Малта да стане процесен центар за секаков вид на миграција во Европа.

„Човечкиот живот доаѓа прво, но ние нема да станеме место каде што секој може да ги остави своите проблеми“, истакна Мускат.

Во последниве неколку месеци миграцијата се врати на врвот на политичката агенда на Малта, поради промената на имиграциската политика на новата италијанска влада. Италија одби да ги прифати мигрантите спасени во Медитеранот, особено оние спасени од невладини организации, што доведе до голем број спорови со други европски држави, особено со Малта.

Мускат рече дека во случаите како што е минатомесечниот спор околу мигрантите спасени од италијанската крајбрежна стража, тој нема да дозволи некој да каже дека Малта го прекршува законот, кога всушност Малта коректно ги следи меѓународните правила.

Таквите правила рече тој, велат дека бродот има право да помине низ меѓународни води и не може да биде запре освен ако не побара помош и јасно ја објави својата намера да помине низ територијалните води.

„Како влада, ние сме конзистентни во нашите политики и нашиот став – денес го велам она што јас го зборувам од самиот почеток. Ние работиме на правилен начин - ги спасуваме животите кога е потребно, го делиме товарот со другите земји , и очекуваме дека постојат правила за кои сите, вклучувајќи ги и невладините организации, се придржуваат“ истакна тој. „Но кога станува збор за интересите на нашата земја ќе останеме цврсти“.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе