Малта ги задржува бродовите за спасување на мигранти

Малтешките власти во понеделникот, по втор пат за една недела, го задржаа хуманитарниот брод кој обично ги спасува бродовите со мигранти во близина на брегот на Либија, каде што во последните неколку дена загинаа повеќе од 200 лица.

Бродот Си воч 3 со кој управува германска хуманитарна организација, побарала напуштање на пристаништето по редовниот ремонт, а тоа управата на пристаништето го одбила, изјави портпаролката на екипажот на бродот Џорџија Линарди. Капетанијата на пристаништето изјавила дека го разгледуваат статусот на бродот.

Друг хуманитарен брод Лајфлајн, минатата недела е задржан откако Малта за прв пат по неколку години го отворила пристаништето за голем број мигранти, по одбивањето на Италијанците да ги примат.

„Наметнуваат разни услови за на невладините организации и групи да им оневозможат да делуваат на море... а во исто време луѓето умираат и се чини дека на никому не му е грижа“, рече Линарди.

Според податоците на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во два одделни инциденти од петокот, повеќе од 200 мигранти настрадале во Медитеранот.

Од почетокот на годината во слични несреќи на Медитеранот загинале повеќе од 1.000 бегалци.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе