Малезискиот премиер за извештајот за МХ17: „Од почетокот намерата беше да се обвини Русија“

Малезискиот премиер оцени денес како „смешна“ одлуката да им се суди на тројца Руси и еден Украинец во март 2020 за уривањето на авионот на Малезија ерлајнс МХ17, кој во 2014 беше урнат со проектил над источна Украина.

„Многу сме незадоволни бидејќи од почетокот намерата беше да се создаде многу исполитизирана афера за да се обвини Русија“, изјави малезискиот премиер Махатир Мохамед еден ден по објавувањето на одлуката.

„Тоа е смешно. Што се однесува до нас, сакаме докази за вината. Засега нема ниеден доказ. Само гласини“, истакна тој.

Русија негира вмешаност во несреќата во која загинаа 298 луѓе, главно Холанѓани.

Во мај 2018 меѓународни истражители од Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина објавија дека утврдиле дека проектилот со кој е урнат авионот потекнувал од 53 руска противавионска бригада базирана во Курск, на западот на Русија.

Малезиското министерство за надворешни работи објави претходно дека сака судењето да биде „транспарентно, веродостојно и ефикасно“.

Меѓународните истражители неделава објавија дека Русите Сергеј Дубински, Игор Гиркин и Олег Пулатов и Украинецот Леонид Харченко, високопозиционирани проруски сепаратисти на истокот на Украина, ќе бидат првите кои ќе бидат изведени пред лицето на правдата во тој случај.

Холандскиот обвинител Фред Вестербеке кажа дека обвинетите на истокот на Украина довезле противвоздушен систем БУК, од кој, според истражителите, бил истрелан проектилот кој на 17 јули 2014 беше урнат малезискиот боинг 777 кој леташе на релација Амстердам-Куала Лумпур.

Русија обвиненијата ги оцени како „неосновани“, додека САД ја повикаа Москва „правдата“ да биде задоволена.

Судењето би требало да почне на 9 март 2020 во судот во предградие на Амстердам.

Можно е на обвинетите да им се суди во отсуство бидејќи ни Русија ни Украина не екстрадираат свои државјани во странство.

По обвинетите се издадени меѓународни налози за апсење.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе