Малезиската влада ги советува жените дома да работат нашминкани и да не ги тормозат мажите (ФОТО)

Малезиското министерство за семејство на Фејсбук објави чуден сет упатства за жените што работат од дома за време на карантинот поради коронавирусот.

Владата ги советува жените дома да бидат убаво облечени, нашминкани и да се однесуваат како што тоа би го правеле на работа. Тоа вклучува пристоен разговор со мажите, а исклучува саркастични коментари или задевање кои со овој пост не се препорачуваат.

Жените исто така не би требало да влегуваат во расправи со мажите кои не сакаат да работат домашни работи. Ако мажите се решат да им помогнат, жените би требало убаво да им објаснат што треба да прават, без иронични коментари. Покрај сето тоа, на жените им се препорачува во разговорот со мажите да се обидат да го имитираат гласот на Доремон, лик од јапонските манга филмови.

Постот предизвика гнев меѓу здруженијата за женски права во Малезија кои го осудија потегот на владата нарекувајќи го дискриминирачки и поразувачки за општеството. Малезија се наоѓа на 104 место на скалата на еднаквост на половите во светот.

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе