Малезија им врати 3.700 тони отпад на богатите земји, порача дека не е ѓубриште

Малезија на богатите земји им врати 150 контејнери со пластичен отпад и порача дека нема да биде „светско ѓубриште“.

Откако Кина во 2018 го сопре увозот на отпад од странство, тој регион е преплавен со пластика од развиените економии како Соединетите Американски Држави, Канада и Британија.

Голем број кинески компании кои се бават со рециклирање се преселија по забраната во Малезија поради што во таа земја дојде до недозволени испораки на огромни количества пластика..

Владите низ целиот регион сега ја враќаат нелегално увезената пластика, а министерката за заштита на животната средина Јео Би Јин кажа дека малезија вратила 150 контејнери кои превезувале 3.737 тони отпад од разни земји, вклучувајќи ги Франција, САД и Британија.

Земјите кои го испратиле ѓубрето ќе мора да ги покријат трошоците на враќањето.

„Не сакаме да дадеме ни пара за тоа. Кога некој незаконски ќе го фрли своето ѓубре во вашата земја, нема вие да плаќате за да се врати назад“, кажа Јин.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе