Макрон: За Русите не се доволни санкции, со нив треба остро да се поразговара

Тензии на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни.

Фото: ЕПА

„Денешната ситуација и нивото на напнатост на границата се апсолутно контрапродуктивни и неприфатливи“, рече Макрон во интервју за американската телевизија Си-би-ес емитувано вчера.

„Се залагам за засилени дипломатски напори за ублажување на тензиите, но разговорите со Москва мора да бидат јасни и остри. Мислам дека во овие разговори треба да ги дефинираме границите на прифатливо. Само така може да бидеме веродостојни. Санкциите сами по себе не се доволни, но се дел од пакетот“, нагласи тој.

Макрон се вклучи во дипломатските напори за смирување на последните тензии во Украина и во петокот разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тројцата државници побараа од Русија да ги повлече војниците распоредени во близина на границата со Украина и повикаа на почитување на кревкото примирје во источна Украина. Украинскиот претседател најави нови консултации, со посредство на Германија и Франција.

Во 2014 година Русија го анексираше полуостровот Крим, кој дотогаш беше дел од Украина, и бунтовници во некои делови на источна Украина со мнозинство руско население се судрија со украинската армија. Делови од регионите Доњецк и Луганск, долж руско-украинската граница, сè уште се под контрола на бунтовниците, поддржани од Русија, а тензиите неодамна ескалираа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе