Макрон за пожарот во Амазонија: „Нашата куќа е во пламен, ова е меѓународна криза“

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека пожарите што ја пустошат Амазонија претставуваат „меѓународна криза“ и ги повика членките на Г7 да разговараат за тој проблем на самитот во Бијариц овој викенд.

„Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, белите дробови на нашата планета кои произведуваат 20 отсто од кислородот. Тоа е меѓународна криза. Членки на Г7, да се видиме за два дена кога ќе разговараме за тој проблем“, напиша францускиот претседател на Твитер.

Макроновата изјава е парафразирање на реченицата која во 2002 ја кажа неговиот претходник Жак Ширак за глобалното затоплување кога кажа: „Нашата куќа гори, а ние гледаме на друга страна“.

Макрон, кој својата порака на Твитер ја напиша на француски и на англиски, со тоа му се придружи на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш кој вчера истакна дека е „длабоко загрижен“ поради пожарите во Амазонија, откако бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја осуди „еколошката психоза“.

Состојбата во најголемата прашума на Земјата е тешко да се процени. Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања (ИНПЕ) 75.336 шумски пожари се забележани во Бразил од јануари до 21 август, или 84 отсто повеќе од истиот период лани. Според една невладина организација, 54 отсто од тие пожари биле во Амазонија.

Макрон во сабота на југозападот на Франција ги дочекува лидерите на Г7, на самитот чија тема е „борбата против нееднаквоста“, но се очекуваат и разговори за жешките климатски проблеми.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе