Макрон: За договорот за брегзитот не може повторно да се преговара

Претседателот на Франција Емануел Макрон истакна дека за договорот кој Лондон и Брисел го постигнаа за излегувањето на Британија од членството во ЕУ не може повторно да се преговара.

Макрон ги повика Британците да „излезат од ќорсокакот“.

„Ситуацијата е едноставна. За договорот не може да се преговара“, кажа Макрон во Најроби каде што е во посета.

Францускиот претседател кажа дека е запознаен со гласањата во британскиот парламент во изминатите два дена, и кажа дека жали поради одлуката да го отфрлат договорот.

„Ако Британците сакаат одложување на брегзитот, тоа може да биде само техничко одложување за да се спроведе истапувањето од блокот. Тогаш би требало да ни ги објаснат причините зошто бараат одложување. Причината не може да биде повторно преговарање, бидејќи веќе дадовме до знаење дека тоа ние не го сакаме“, кажа Макрон.

Британскиот парламент синоќа изгласа дека не сака земјата да излезе од членството на Европската Унија без договор, откако ден претходно го отфрли договорот кој со ЕУ го склучи премиерката Тереза Меј.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе