Макрон во посета на Њу Делхи за стратешко партнерство со Индија

Францускиот претседател Емануел Макрон во Њу Делхи ја истакна важноста на француско-индиското пријателство, објави АФП.

Како што се наведува, амбицијата е после Брегзит Франција да ја замени Велика Британија во стратешкото партнерство со Индија.

„Целта на оваа посета е Индија да стане наш прв стратешки партнер во регионот и Франција да стане ваш прв стратешки партнер во Европа и пошироко на Запад“, рече францускиот претседател на средбата со индискиот премиер Нарендра Моди.

Наспроти сите разлики, Индија и Франција „имаат исти интереси и иста визија за светот“, рече шефот на француската држава.

Париз изрази задоволство од потпишувањето на договорот за изградба на нуклеарна централа на југозападниот брег на Индија.

Макрон, исто така, ќе присуствува и на француско-индискиот економски форум, каде се очекува да склучат нови договори.

Моди и Макрон потпишаа клучен безбедносен договор за Индискиот Океан за да се спортивстават на се поголемото влијание на Кина.

Францускиот претседател во недела ќе копретседава со индискиот премиер на првиот самит на Меѓународната соларна алијанса, коалиција која ја промовира обновливата енергија во земјите во развој.

Макрон со сопругата Брижит Макрон ќе го посетат Таџ Махал, а посетата ќе ја завршат во понеделник во Варанаси, светиот град на хиндуизмот на брегот на Ганг.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе