Макрон во посета на Лондон, со Џонсон ќе разговараат за односите по брегзит

Францускиот претседател Емануел Макрон во четврток го посети Лондон за да ја одбележи 80-годишнината од историското обраќање на Де Гол до Французите во Лондон, а ќе се сретне и со британскиот премиер Борис Џонсон на разговори околу односите по брегзит, пренесе Ројтерс.

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Макрон кој ќе биде пречекан од принцот Чарлс и заеднички ќе ја одбележат 80-годишнината на Апел, историскиот повик упатен од францускиот генерал Шарл де Гол на 18 јуни 1940 година, преку радиото Би-би-си од Лондон до Французите повикувајќи ги на вооружен отпор на нацистичката окупација.

Ова е прво патување на Макрон во странство од воведувањето карантин во Франција.

Макрон и Џонсон ќе разговараат за одговорот на пандемијата, вклучувајќи го и наметнувањето на британската самоизолација за патниците што влегуваат во земјата, како и за брегзит.

Велика Британија ја напушти Унијата на 31 јануари, а Брисел соопшти дека договор за регулирање на односите може да се постигне до крајот на годината, кога истекува преодниот период, но разговорите за регулирање на идните односи се тешки и постои можност да не се постигне договор.

Велика Британија порачува дека ЕУ мора да направи отстапки за да се постигне договор во следните неколку месеци.

„Двете страни се согласија да ги интензивираме преговорите, не сакаме да губиме време, нема да чекаме да се одолговлекува до есен и зима“, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Рааб, за радио Ел-би-си.

Рааб рече дека посетата на Макрон покажува дека, и покрај некои потешкотии во вековно долгите француско-британски односи, двете земји стојат рамо до рамо во најтешките времиња.

„Тоа покажува дека иако навистина имавме затегнати односи во одредени историски периоди, навистина стоиме рамо до рамо кога е најважно“, рече Рааб.

„Постојат различни прашања – брегзит, ковид - и соработуваме многу тесно со Франција на прашањата за Иран, Блискиот исток, Хонг Конг и, навистина, тоа е многу важен однос и ние сме горди што (Макрон) доаѓа тука да им ја оддаде оваа чест на Лондон и на Британците“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе