Ќе предложи смирување на тензиите

Макрон во петок ќе разговара со Путин за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон во петок ќе има телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин за украинската криза.

EPA-EFE

„Ќе имам телефонски разговор со претседателот Путин во петок наутро за заедно да ја разгледаме целата ситуација“, им кажа Макрон на новинарите во Берлин по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Елисејската палата вчера соопшти дека Макрон на Путин ќе му предложи „пат за смирување на украинската криза“.

„Загрижени сме, но и многу внимателни да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, наведе кабинетот на францускиот претседател среде тензиите на Западот и Русија поради Украина.

Лидерите на САД и европските земји разговараа на видео-состанок во понеделникот за украинската криза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе