Реакција на употребата на сила

Макрон: Видео снимките на кои полицијата тепа Афроамериканец се срамота

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера изјави дека видео снимките на кои се гледа како полицајци тепаат Афроамериканец се срамота за Франција.

Фото: ЕПА

Макрон побара од владата брзо да даде предлози за враќање на довербата на Французите во полицијата и за подобра борба против дискриминацијата.

Францускиот претседател ги објави овие забелешки на Фејсбук и ова е негова прва реакција на очигледно неоправданата употреба на полициска сила за време на два неодамнешни инциденти.

Вчера се појави видео на кое се гледа како полицијата го тепа музичкиот продуцент Мишел Зеклер, а ден претходно видео снимка од брутална полициска евакуација на мигранти од париски плоштад.

Зеклер за Асошиејтед Прес изјави дека полицајците го навредувале користејќи расистички епитети. Тој вели дека не знае зошто полицијата го следела.

Инцидентите се случуваат додека француската влада се обидува да усвои закон за забрана на снимање на полицијата, што предизвика протести на либералните граѓански групи и новинарите, кои изразија загриженост дека законот ќе дозволи полициската бруталност да остане незабележана и неказнета.

За денеска се планирани протести низ цела Франција.

Во порака на Фејсбук, Макрон рече дека верува дека полицијата треба да се однесува кон Французите на „примерен“ начин и обратно. Тоа значи, рече тој, дека „никогаш“ нема да прифати ниту насилство врз полицијата ниту полициско насилство.

„Оние кои обезбедуваат примена на законот мора да го почитуваат законот“, рече францускиот претседател.

Полициските службеници вклучени во претепувањето на Заклер биле суспендирани и полицијата спроведува внатрешна истрага против нив.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе