„Европа не смее да зависи само од НАТО“

Макрон вели дека Европа мора да разговара со Русија

„Европа мора да разговара со Русија“ која пак мора „да прави напори“, кажа францускиот претседател во интервју за швајцарската јавна телевизија РТС.

„Европа, во мултилатералниот поредок каков што го заговарам, мора повторно да изгради со Русија нови правила на доверба и безбедност и не смее да зависи само од НАТО“, оцени францускиот претседател.

„Направен е воен потег, не можеме да се правиме како ништо да не се случило“, кажа тој мислејќи на анексијата на Крим. „Без јасно и опипливо придвижување во процесот од Минск“ (сопирање на конфилтот на истокот на Украина) „не може да има реформа на Г8“, која по анексијата се претвори во Г7, без Русија.

„Но, мора да се поведе стратегиска дебата. Затоа оваа недела ќе имам уште еден, долг и интензивен разговор со (рускиот претседател) Владимир Путин, како претседател на Франција и Г7“, додаде Макрон.

„Меѓу нас има несогласувања, но соработуваме“, истакна тој спомнувајќи ја пред сѐ соработката за наоѓање политичко решение во Сирија. „Не би било во ред да ѝ ја препуштиме Русија на Кина“, истакна Макрон.

Русија е „голема земја која со нас преживеа држами“ и не треба „никогаш да се заборави колката цена платија во Втората светска војна“, заклучи францускиот претседател.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе