Макрон тужи сопственик на француски билборд поради плакати на кои претседателот е прикажан како Хитлер (ФОТО)

Адвокатите на францускиот претседател Емануел Макрон тужат човек кој го прикажал шефот на државата како Адолф Хитлер, за време на неодамнешните протести против француската здравствена пропусница и рестрикциите околу ковид вакцините.

Фото: ЕПА

Мишел-Анж Флори, сопственик на билборд од јужниот француски регион Вар, објави дека бил шокиран од обвиненијата, кои ги опишува како кршење на неговото право на слобода на изразување.

Во средата вечер, Флори на Твитер објави: „Само што дознав дека утре ќе бидам сослушан во полициската станица во Тулон по жалба од претседателот на републиката“.

Тој ја истакна иронијата на обвиненијата, со референца на спорната историја на Франција за либерализмот и слободата на изразување: „Значи, во ‘Макронија’ можеме да го исмееме задникот на пророкот - тоа е сатира - но, да направиме претседателот да изгледа како диктатор, тоа е богохулие“. Забелешките на Флори се однесуваат на контроверзниот приказ на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо за пророкот Мухамед.

Еден од рекламните паноа бил поставен на влезот во јужниот француски град Тулон и на него Макрон бил прикажан во целосна нацистичка униформа со мустаќи и лента со кукаст крст на која била испишана кратенката „ЛРЕМ“ (La Republique En Marche, Република во движење) - центристичката партија основана од Макрон во 2016 година.

Истрага за „јавна навреда“ била отворена во Тулон во вторникот од страна на властите.

Флори ги бранеше плакатите, тврдејќи дека тие имаат за цел да ја доведат во прашање „оваа демократија каде одлуките се носат без дискусија на здравствен совет“, објасни тој.

Еден од политичките постери на Флори гласел „Покори се, вакцинирај се“.

Изјавата се однесува на контроверзното задолжение за „здравствени пропусници“ низ цела Франција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе