„ЕУ да ја осуди инвазијата“

Макрон: Турција може да ја оживее Исламска држава

Претседателот на Франција Емануел Макрон денес ги повика партнерите од Европската Унија да се обединат во осудувањето на турската инвазија на северот на Сирија, и предупреди дека таа би можела да ја оживее џихадистичката организација Исламска држава.

Макрон во Брисел им кажа на новинарите дека сака ЕУ повторно да зборува со единствен, јасен и цврст глас и да го осуди нападот, пренесува Асошиејтед прес.

Тој побара од 28-те членки на блокот да се сложат и сите заедно да го сопрат извозот на оружје во Турција.

Францускиот претседател кажа дека ЕУ би требало да соработува со своите главни меѓународни партнери за да ја сопре офанзивата, која, според него, предизвика вистинска хуманитарна држава и ризикува да отвори простор за преродба на ИСИС:

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе