Франција и Турција разменија остри зборови

Макрон: Турција го поттикнува Азербејџан на војна

НАТО сојузничките Франција и Турција разменија вчера остри зборови додека растат меѓународните тензии околу конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан околу етничката ерменска енклава Нагорно Карабах.

EPA-EFE

Десетици луѓе настрадаа а стотици се ранети во судирите кои траат од неделата и кои се закануваат да се претворат во општа војна меѓу поранешните советски републики, и отвора стравови околу вмешувањето на регионалните сили Турција и Русија. Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу вчера, на прашањето дали Анкара ќе пружи воена помош ако Азербејџан ја побара, го повтори ставот на претседателот Реџеп Таип Ердоган кажувајќи дека Турција ќе направи „сѐ што е неопходно“.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев ѝ се заблагодари на Турција на подрршката но кажа дека на неговата земја не ѝ е потребна воена помош. „Борбите ќе престанат кога ерменските сили ќе ја напуштат нашата територија“, кажа тој. Чавушоглу кажа и дека француската солидарност со Ерменија претставува поддршја на ерменската окупација на Азербејџан.

Францускиот претседател Емануел Макрон, во чија земја живеат голем број луѓе од ерменско потекло, возврати за време на посетата на Летонија. Тој кажа дека Франција е исклучително загрижена поради „воените пораки“ на Турција „кои всушност го поттикнуваат Азербејџан на повторно освојување на Нагорно Карабах“. „А тоа нема да го прифатиме“, кажа Макрон.

Париз бара Минската група, предводена од Русија, Франција и САД, која посредува меѓу Ерменија и Азербејџан, да разговара за конфликтот. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, кој во вторникот разговараше со рускиот претседател Владимир Путин кажа дека во моментов не ја разгледува опцијата да побара помош од Русија во рамки на постсоветскиот безбедносен договор, но дека не ја исклучува таа можност.

Кремљ соопшти дека руската војска внимателно ги следи случувањата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе