Испраќаат 300 имами годишно

Макрон става крај на праксата на Алжир, Мароко и Турција да испраќаат свои имами во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе ја ограничи праксата на другите земји да испраќаат имами и учители во Франција, за да му стави крај на „сепаратизмот".

На помалку од месец дена пред локалните избори, Макрон изјави дека постепено ќе го ограничи системот по кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција за да проповедаат во џамии и додаде дека тој постигнал договор за тоа со тие земји, освен со Турција.

„Нема да дозволам ниту една земја да нè храни со сепаратизам“, рече Макрон на прес-конференција во градот Мулоусе, на истокот во земјата.

Тој истакна дека завршувањето на исламскиот конзуларен систем е исклучително важно за да се ограничи странското влијание и да се осигура дека сите ги почитуваат законите на Републиката.

Тој рече дека овие земји годишно испраќаат 300 имами во Франција и најави дека оние што ќе пристигнат годинава ќе бидат последни што влегуваат во толкав број. Тој рече дека неговата влада побарала од институциите што го претставуваат исламот во Франција да пронајдат можност имамите да се обучуваат на француска територија, да се осигура дека тие зборуваат француски и да не шират исламистички идеи.

Макрон, кој постојано е мета на критики од крајната десница на Марин Ле Пен во однос на интеграцијата на француските муслимани, најави дека ќе ја укине праксата на француски ученици да им предаваат наставници платени од странски влади.

Францускиот претседател досега не се бавел со прашањата поврзани со муслиманската заедница во Франција, која е најголема во Европа, туку се фокусирал на економски прашања.

Франција во последниве години во повеќе наврати била мета на напади на исламски сепаратисти. Во ноември 2015 година, во координиран напад во театарот Батакло и други места во Париз, загинаа 130 лица, што претставува најсмртоносен напад во Франција од Втората светска војна.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе