Не се извинувам

Макрон: Сè уште мислам дека НАТО е клинички мртво (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон го повтори денес ставот дека НАТО е во состојба на „клиничка смрт", на разочарување на членките на Алијансата, воочи почетокот на самитот на организацијата во Лондон.

„Сè уште мислам така“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп неколку часа претходно рече дека ставот на Макрон е „многу злобен“ за Алијансата која утре одбележува 70 години постоење.

Макрон во ноември изјави дека НАТО е во состојба на „клиничак смрт“, објаснувајќи го тоа со намалената американска ангажираност и однесувањето на Турција, членка на НАТО.

Францускиот претседател изјави денес дека Турција понекогаш соработува со посредници на Исламската држава, додавајќи дека продолжува да ѝ замерува на Турција на борбата против курдските борци во северна Сирија, бидејќи овие борци помагаат во борбата против џихадистите.

„Денес заеднички непријател се терористичките групи. Жал ми е да кажам, но немаме иста дефиниција за тероризам“, им рече Макрон на новинарите денес, на прес-конференцијата заедно со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Кога ја гледам Турција, тие се борат против оние кои се бореа со нас рамо до рамо против ИСИС (Исламска држава), и некогаш работат со посредници на ИСИС“, пренесе Ројтерс.

Макрон исто така го отфрли повикот на Трамп, Париз да ги повлече дома своите странски борци, велејќи дека тоа не е приоритет. Тој рече дека фокусот треба да биде на борбата против Исламската држава, која сè уште не е поразена.

Францускиот лидер, зборувајќи претходно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не се извини за коментарите за клиничката смрт на НАТО, за кои вели дека биле потребни бидејќи сојузниците станале премногу фокусирани на буџетски прашања наместо да развиваат геополитика.

„Прашањата што ги поставив се отворени прашања, кои сè уште не сме ги решиле“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО.

„Мирот во Европа, пост ИНФ (Договор за нуклеарни сили со среден опсег) ситуацијата, односот со Русија, проблемот со Турција, кој е непријателот? Затоа велам: сè додека овие прашања не се решат, да не преговараме за споделување трошоци и споделување на товарот, или за ова или за другото“.

„Па можеби ни требаше повик за будење. Драго ми е што е испорачан и се радувам дека сега сите мислат дека треба да размислуваме за нашите стратешки цели“, рече Макрон. „Затоа, апсолутно не се извинувам за расчистување на нејаснотиите“, пренесе Ројтерс.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе