„Да се тежнее кон подобри односи“

Макрон: Санкциите против Русија не сменија апсолутно ништо, не предлагам да ги укинеме

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека ЕУ треба да тежнее кон подобри односи со Русија на подолг рок, и оцени дека санкциите ни малку не го смениле руското однесување, но дека не предлага нивно укинување.

Макрон на безбедносната конференција во Минхен кажа дека „кредибилен“ пристап во односите со Русија би било да се заземе став дека ЕУ „бара, не отстапува во поглед на принципите за замрзнатите конфликти, но дека ќе се согласи на стратегиски дијалог – за што ќе биде потребно време“.

Односите на ЕУ и Москва се влошени откако Русија во 2014 година го припои Крим, а во источна Украина изби граѓанска војна.

Поради Украина САД и ЕУ ѝ воведоа санкции на Русија.

Француските компании кои тргиваат со Русија вршат притисок врз Макрон да помогне во подобрувањето на односите на ЕУ и Русија и да ги олабави санкциите.

Макрон за време на неодамнешна посета на Полска кажа дека е „голема грешка да се дистанцира од дел од Европа поради кој постои непријатно чувство“.

Тој денес кажа дека резултат од претходните години е „целосно неефикасен систем“.

„Тука се и санкциите кои во Русија не сменија апсолутно ништо. Не предлагам да ги укинеме, само ги изнесувам фактите“, наведе францускиот лидер.

Залагајќи се за повеќе дијалог со Русија, Макрон укажа на минатогодишната обнова на самитот на лидерите на Германија, Франција, Русија и Украина со цел сопирање на борбите на истокот на Украина.

„Мораме на долг рок да се поврземе со Русија но и да ја истакнеме нејзината улога како постојана членка на Советот за безбедност. Не може постојано да биде членката која сѐ блокира“, кажа Макрон, а изјави дека очекува и Русија да продолжи дестабилизирачки да влијае врз изборите во другите земји.

„Не верувам во чуда. Верувам во политика и во фактот дека човечката волја може да ги промени нештата кога ќе си ги дадеме средствата за тоа“, наведе Макрон.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе