Макрон: Разговараме со талибанците за евакуација на повеќе луѓе од Авганистан

Претседателот Емануел Макрон вчера изјави дека Франција води прелиминарни разговори со талибанците за хуманитарната ситуација во Авганистан и можната евакуација на повеќе луѓе од таа земја.

Фото: ЕПА

Говорејќи во Багдад на самитот со неколку лидери од Блискиот Исток, претседателот Макрон рече дека Франција разговарала и со Катар за тоа како може повторно да се воспостави пат за евакуација од Авганистан.

„Почнавме слаби и прелиминарни дискусии со талибанците за прашањето на хуманитарните операции и способноста да ги заштитат Авганистанците што се во опасност“, рече Макрон на прес-конференција.

Макрон додаде дека Франција ќе ги задржи војниците во Ирак како дел од антитерористичките операции сѐ додека ирачката влада има потреба тие да останат, без оглед дали американските војници ќе се повлечат или не.

„Без разлика што ќе одлучат Американците, ние ќе останеме присутни во борбата против тероризмот во Ирак“, рече Макрон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе