Францускиот претседател

Макрон прикажан како Хитлер на билборди, веднаш реагираше со тужба (ФОТО)

Адвокатите на францускиот претседател Емануел Макрон поднесоа тужба против Мишел Анж Флори, сопственик на фирма за улично огласување кој своите билборди ги искористил за, како што тврди, вежба на политичка сатира со поставување фотографија на која се гледа Макрон облечен како Адолф Хитлер.

EPA-EFE

Адвокатите на Макрон во тужбата наведуваат дека билбордите на Мишел Анж Флори претставуваат јавна навреда, а Флори потврди дека полицијата го контактирала постапувајќи по тужба.

Случајот, пренесува Ројтерс, се претвори во тест во кој Франција повлекува граница меѓу слободата на изразувањето и навредувањето.

Флори ги поставил билбордите на Макрон како Хитлер како одговор на законот кој парламентот го усвои овој месец и кој им забранува на луѓето пристап до некои јавни места, освен ако не се целосно вакцинирани против ковид-19 или ако покажат негативен тест.

Противниците на Макрон тврдат дека новиот закон ги гази граѓанските слободи и го обвинуваат претседателот дека се однесува како диктатор. Владата, од друга страна, тврди дека треба да се поттикне поголема стапка на вакцинација.

Флори, чии билборди се поставени на југот на Франција, кажа дека консензусот во неговата земја е на страна на Шарли ебдо.

„Но кога станува збор за исмевање на претседателот претставувајќи го како диктатор, тогаш тоа станува ерес, тогаш тоа е неприфатливо“, кажа Флори за Ројтерс.

Жан Еноки, адвокат на Макрон, кажа дека тужбата е поднесена „поради навредливата природа на споредбата на претседателот на Републиката со Адолф Хитлер“.

Претставник на партијата на Макрон кажа дека е поднесена посебна тужба за навреда и предизвикување омраза.

„Ова воопшто не го очекував. Дека претседателот ќе поднесе тужба против француски државјанин. Правам карикатури. На луѓето тоа може и не мора да им се допаѓа, но сеедно е, карикатурата ќе остане карикатура“, кажа Флори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе