Макрон пред протестите на „жолтите елеци“ испраќа војска на улиците

Францускиот претседател Емануел Макрон нареди распоредување воени антитерористички единици кои ќе ги штитат службените згради и други позиции за полициските сили да можат да се фокусираат на протестите на „жолтите елеци“, соопшти француската влада.

Инцијативата на Макрон ќе им овозможи на силите на редот да се фокусираат на движењето на демонстрантите и одржувањето и воспоставувањето на редот, кажа портпаролот на владата Бенџамин Гриво, четири дена откако 18-тиот протест на „жолтетите елеци“ на Елисејските полиња беше обележан со насилство.

„Ги имаме на располагање воените единици Сентинел“, изјави Гриво.

На главните туристички дестинации како Елисејските полиња протестите се забранети, како и во одредени квартови на големите градови. Премиерот Едуар Филип во понеделникот најави низа мерки по насилствата во саботата.

Војниците во Франција веќе ги штитат синагогите и џамиите, позициите особено изложени на опасност од тероризам како туристичките знаменитости и железничките и автобуските станици. Тие се речиси постојано присутни и на аеродромите и во музеите.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе