Макрон повика на компромис, не сака влада на национално единство

Францускиот претседател Емануел Макрон ја отфрли идејата за влада на национално единство и оцени дека тоа не е оправдано решение за излез од кризата по парламентарните избори одржани во неделата, додека истовремено повика на компромис со политичките сили во земјата да се дојде до „јасно мнозинство“.

EPA-EFE

Во обраќањето до Французите, првпат од неделните избори, кога неговата партија го изгуби парламентарното мнозинство, Макрон призна дека постојат зголемени „расцепи“ по изборите и ја повика политичката класа да научи да владее и да носи закони поинаку.

Партијата на францускиот претседател не освои апсолутно мнозинство во Националното собрание и мора да склучува сојузи, или од случај до случај, или во рамки на коалиција.

Според конечните резултати на изборите, центристите на Макрон освоија најмногу пратенички места, 245 од вкупно 577, но за апсолутно мнозинство се неопходни најмалку 289 места. На второ место е левичарската коалиција Нова народна еколошка и социјална унија со 131 место, десничарската партија Национален форум на Марин ле Пен доби 89 места, додека десничарските Републиканци ќе имаат 61 пратеник.

„Треба да се градат компромиси, збогатувања, амандмани, но тоа да се прави целосно транспарентно, со отворено небо можам да кажам, во желба за обединување и дејствување за нацијата“, кажа претседателот во краткото телевизиско обраќање.

Тој на политичките сили им укажа на нивната одговорност.

„За корисно да се оди напред, сега политичките групи треба транспарентно да кажат до каде се спремни да одат“, кажа тој.

„Слушам и спремен сум да ја преземам на себе желбата за промена која земјата јасно ја изрази“, кажа Макрон и потсети дека разговарал со лидерите на сите политички групи, и дека сите пренеле дека имаат почит за француските институции и желба да избегнат блокада на земјата.

Тој истакна дека на изборите неговата партија добила најмногу места во Народното собрание, но без апсолутно мнозинство и дека нејзината одговорност е да се прошири, или со изградба на коалиција или со добивање мнозинство од текст на закон до текст на закон.

Франција, која падна во неизвесност, не е навикната на вакво сценарио, за разлика од нејзините европски партнери, како Германија на пример, што Макрон го истакна во својот говор.

Тој најави дека ова лето треба да се донесе закон за куповната моќ и подобро плаќање на трудот, да се донесат првите одлуки кон полно вработување, да се направи силен избор за енергијата и климата и да се носат итни мерки околу здравството без оглед дали станува збор за болниците или епидемијата.

Порача дека владата ќе почне да го гради овој нов пристап и нова конфигурација кога ќе се врати од самитот на Европската Унија во Брисел денес и утре.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе