Макрон повика Франција да се мобилизира пред исламистичкото зло

Францускиот претседател Емануел Макрон вети „беспоштедна борба против исламистичкиот тероризам“ при оддавањето почит на четворицата службеници на полициското седиште што минатиот четврток ги уби радикализиран колега.

Макрон со премиерот Едуард Филип денес присуствуваше на комеморација пред сандаците на убиените во дворот на полициската станица, каде што извршителот на нападот Мишел Харпон беше застрелан откако си ги уби колегите.

„Паднаа од ударот на погрешниот и смртоносен ислам, кој мораме да го искорениме“, кажа Макрон и ја повика целата нација да се мобилизира пред „исламистичкото зло со изградба на блок и општество на иднината“.

Дневниот весник Ле паризиен пишува дека антитерористичките служби нашле усб-стик со пропагандни снимки на џихадистичката група Исламска држава и податоци на колегите. Усб-то било најдено во канцеларијата на напаѓачот, соопшти извор близок до истрагата.

Истражителите бараат можни соработници во радикалните средини за да разјаснат до какви информации имал пристап напаѓачот во седиштето на полицијата, каде што работел од 2003 на местото од каде што државата ги следи терористите и криминалците, истакна францускиот претседател.

Полицијата е честа мета на џихадистичките групи. Во Франција од 2015 во исламистички напади се убиени 255 лица.

Жртвите на нападот од минатата недла, тројца мажи и една жена, беа постхумно одликувани вчера од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, пред неколку стотици присутни.

Кастанер по нападот е мета на жестоки критики и мора да одговори на неколку покани во парламентот. Веќе беше сослушан непосредно пред оддавањето почит на жртвите, од страна на парламентарната разузнавачка комисија за можните „грешки во функционирањето“. Подоцна денес требаше да биде сослушан од комисија на Националното собрание, а во четврток ќе го испраша комисија на Сенатот.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе