Во едночасовен телефонски разговор

Макрон побарал итен прекин на огнот, Путин вината ја префрлил на Украина

Владимир Путин и Емануел Макрон денеска телефонски разговарале за конфликтот во Украина, при што рускиот претседател му кажал на својот француски колега за пристапот на Москва кон потенцијалниот договор за прекин на непријателствата, соопшти Кремљ. Разговорот траеше 70 минути, јави Елисејската палата.

Фото: ЕПА

„Одговарајќи на загриженоста изразена од Емануел Макрон, рускиот претседател истакна дека руските вооружени сили што учествуваат во специјалната воена операција прават сѐ што е можно за да ги спасат животите на цивилите“, наведува Кремљ.

Двајцата разговарале и за преговорите меѓу Москва и Киев и за позицијата на Москва за тоа како може да се постигне договор, се вели, без да се дадат повеќе детали.

Францускиот претседател му рекол на својот руски колега дека е „екстремно загрижен“ за ситуацијата во Мариупол, кој е погоден од постојано гранатирање во последните денови, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Макрон побарал од Путин да ја прекине опсадата на Мариупол, да овозможи хуманитарни коридори и да нареди итен прекин на огнот, соопшти кабинетот на Макрон.

Францускиот претседател, кој неколку пати разговараше со Путин, ги повторил замерките за нападите врз цивили и руското непочитување на човековите права во Украина, соопшти Елисејската палата.

Според соопштението, Путин вината за војната ја префрлил на Украина.

„Разговорот траеше нешто повеќе од еден час“, додаваат од Елисејската палата.

Претходно денеска Путин разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој исто така повикал на итен прекин на огнот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе