Зборувале 1 час и 45 минути

Макрон пак му се јави на Путин: „Тој сака Украина да се откаже не само од членство во НАТО, туку и од армијата“

Францускиот претседател ги повторил барањата на „мнозинството од меѓународната заедница“, а Путин ги повторил своите барања до Украина: денацификација, демилитаризација, признавање на Крим како руски и признавање на Доњецк и Луганск како независни држави.

Фото: ЕПА

Емануел Макрон вчера повторно му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин и зборувале 1 час и 45 минути, соопшти Елисејската палата.

Франс прес објави дека повикот дошол по барање на Макрон. Ова е четврти пат лидерите на двете земји да разговараат по инвазијата на Русија во Украина што почна на 24 февруари.

Повикот на Макрон главно бил посветен на осигурувањето безбедност за украинските нуклеарни централи.

Според Елисејската палата, Путин рекол дека „нема намера да врши напади врз нуклеарни централи“, ветил дека ќе ги „почитува стандардите на ИАЕА“ (Меѓународната агенција за атомска енергија) и се согласил на разговор меѓу Украина-Русија-ИАЕА за да се осигури безбедноста на нуклеарните централи.

Макрон, исто така, го повторил барањето од Франција и „поголем дел од меѓународната заедница“, кое беше потврдено со гласањето во ОН, за прекин на непријателствата во Украина.

Претседателот Путин негирал дека руските војници напаѓаат цивилна инфраструктура и цивили, рекол извор од администрацијата на претседателот на Франција. Емануел Макрон, како одговор, уште еднаш истакнал дека „Русија е таа што ја напаѓа Украина, а не обратно“.

Путин уште еднаш ги повторил своите „барања“ до Украина: „денацификација“ (како одговор, Макрон уште еднаш повторил „колку е апсурдно ова барање“), „демилитаризација“, „признавање на Крим како руски“ и „признавање на Доњецк и Луганск како независни држави“.

„Тој сака Украина да се откаже не само од изгледите за членство во НАТО, туку и од армијата“, рекол изворот.

Според Елисејската палата, Путин пак повторил дека ќе ја прекине „операцијата“ само ако престане отпорот од Украина. Путин му ја покажал на Макрон „својата решеност да ги постигне своите барања преку преговори или воени средства“.

Претседателот на Франција повторил дека тоа што се случува во Украина ќе има огромна цена не само за Украина, туку и за Русија... Претседателот Макрон уште еднаш побарал Руската Федерација „да се придржува кон меѓународното право“.

Шефот на Француската Република го потсетил соговорникот дека претседателот Зеленски е спремен да се сретне со него. Како одговор, Макрон не добил никаков знак од Путин дека е спремен за таква средба.

Елисејската палата истакна дека француските власти сè уште не гледаат други начини за запирање на непријателствата, ако Кремљ не реши да ги запре, освен да ја „направат нивната цена неподнослива“ за руските власти. „Ние секако размислуваме за проширување на санкциите“, идеално санкциите што сè уште можеме да ги усвоиме треба да го „одвратат“ Владимир Путин не само од обидот да го „заземе Киев“, туку и да продолжи со операцијата во принцип, како и од „мислите за можноста за окупација на Украина“, нагласил изворот.

Во исто време, Макрон уште еднаш во разговорот со Путин нагласил дека „ниту Франција, ниту Европската Унија не се во војна со Русија“.

Овој разговор е остварен по тензичниот повик на 3 март, по кој Елисејската палата рече дека Макрон имал чувство дека во Украина „допрва доаѓа најлошото“ и дека Путин има намера да ја заземе „целата“ земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе