Пред самитот на НАТО

Макрон остро ја прозва Турција (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Турција дека соработува со групи блиски до Исламска држава (ИСИС) и истакна дека недоволно јасниот ставот на официјална Анкара кон џихадистичката организација им штети на сојузниците од НАТО кои се борат во Сирија и Ирак.

Односите меѓу Макрон и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заладија пред утрешниот самит на  НАТО во Лондон, а двата лидери не престануваат да разменуваат тиради за турската прекугранична офанзива против курдските борци на северот на Сирија.

Зборувајќи во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон директно ја поврза Турција со милитантите на Исламска држава.

„Денес заедничките непријатели се терористичките групи. Жал ми е што морам тоа да го кажам, но тука на масата немаме иста дефиниција за тероризмот“, кажа Макрон.

„Кога ќе ја погледнам Турција, гледам дека се бори против оние кои рамо до рамо со нас се бореа против ИСИС, а понекогаш соработуваат и со случни групи“, истакна Макрон.

Францускиот претседател смета дека таа двосмисленост на Турција во однос на исламистичката група им штети на сите кога станува збор за состојбата на теренот.

„Главниот приоритет е кон тие групи да имаме многу јасен став и затоа почнавме да ги преиспитуваме односите со Турција“, кажа Макрон.

Турција во меѓувреме најави дека ќе го блокира планот за одбрана на балтичките земји и Полска од можни напади од Русија доколку Алијансата не го прифати барањето на Анкара курдските милиции ИПГ да се прогласат за терористичка група.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе