Францускиот претседател

Макрон одржа говор во американскиот Конгрес, пречекан со овации (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во обраќањето до Конгресот на САД рече дека национализмот и изолационизмот се закана за глобалниот просперитет. Макрон рече дека таквата политика може да биде привлечна како привремен лек за стравовите, но дека затворањето на вратата кон светот нема да го запре развојот на светот и дека „нема да ги изгасне туку ќе ги распламти стравовите на граѓаните“, пренесе Би-би-си.

„Нема да дозволиме екстремниот национализам да го потресе светот полн со надеж за поголем просперитет“, наведе Макрон.

Иако многумина ова го видоа како прикриен напад на политиката „Прво Америка“ што ја води претседателот на САД Доналд Трамп, Макрон ги истакна „нераскинливите врски“ на САД и Франција, исковани во „слободата, толеранцијата и еднаквите права“.

Макрон, првиот странски лидер што Трамп го угости во Белата куќа, зборуваше и за разликите во врска со прашањето за глобалната трговија, за Иран и за животната средина.

Според неговите зборови, „трговската војна не е соодветен одговор“ зашто таа „ќе ги уништи бизнисите и ќе ги подигне цените“. Трамп порано велеше дека трговските војни се добри и дека во нив е лесно да се победи.

На темата за Иран, Макрон наведе дека Франција нема да се откаже од нуклеарниот договор со таа земја, за кој Трамп смета дека е „ужасен“.

„Овој договор не се занимава со сите грижи, и тоа недостигаат и некои мошне важни. Тоа е точно. Но не треба да се отфрли сè додека нема да имаме нешто посодржинско“, кажа францускиот претседател.

Тој потоа додаде дека „Иран никогаш нема да поседува нуклеарно оружје“.

Зборувајќи за животната средина, Макрон кажа дека загадувањето, емисијата на јаглен-диоксидите и уништувањето на биодиверзитетот ја „убиваат планетата“.

„Да бидеме реални, немаме Планета Б“, рече тој.

Трамп минатата година ги повлече САД од Парискиот договор за климата со образложение дека станува збор за „мошне лош договор за САД“.

Макрон во Конгресот беше дочекан со овации.

На истиот ден, 25 април, во 1960, генералот Шарл де Гол ја испрати истата порака на почит и пријателство пред американскиот конгрес.

 

Трамп ќе го напушти иранскиот договор

Трамп најверојатно ќе ја напушти иранската нуклеарна програма, изјави доцна синоќа Макрон.

Американските медиуми пренесоа дека Трамп ќе го напушти иранскиот договор „од внатрешни политички причини“.

„Немам никаква внатрешна информација, но ми се чини дека тој (Трамп) нема волја да го брани сегашниот договор“, рече Макрон на конференцијата за новинарите и потсети дека Трамп веќе подолго време вели дека САД треба да го напуштат договорот.

„Со рационална анализа на сите негови изјави ми се чини дека тој (Трамп) нема да направи ништо за да го задржи“, додаде претседателот на Франција.

Трамп на 12 мај треба да донесе конечна одлука за останувањето или излегувањето од договорот.

Макрон за време на посетата на Вашингтон предложи нов, поцелосен договор што би се засновал врз постојното, но би бил проширен на период по 2025 година кога ќе истечат одделни клаузули на договорот за нуклеарните активности на Иран. 

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе