Макрон: Не мислам, знам дека австралискиот премиер ме лажеше (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека знае дека австралискиот премиер Скот Морисон го лажел за причините за откажување на мултимилионскиот договор за изградба на подморници и дека сега останува на австралискиот премиер да ја обнови довербата меѓу двете земји.

Фото: ЕПА

Во септември Австралија го откажа договорот со Франција за изградба на подморници, што беше еден од условите за постигнување нов безбедносен договор со САД и Велика Британија според кој Австралија ќе добие пристап до подморници на нуклеарен погон.

Франција го сфати ова како предавство и, по откажувањето на договорот, ги повлече своите амбасадори од Вашингтон и Канбера на консултации.

„Имам голема почит за вашата земја и за вашиот народ. Само сакам да кажам дека кога постои взаемно почитување, тогаш мора да бидете искрени и да се однесувате доследно на таа вредност“, им рече Макрон на група австралиски новинари во Рим за време на самитот на Г20.

„Ќе видиме што ќе испорача“, рече Макрон на прашањето дали некогаш ќе може повторно да му верува на Морисон.

„Дали мислите дека ве лажеше?“, директно го праша еден новинар.

„Не мислам, знам“, одговори Макрон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе