Макрон: НАТО мора да знае кои му се непријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон во четвртокот изјави дека НАТО мора јасно да ги одреди своите стратешки приоритети и да знае кои му се непријатели, скоро една година по неговата изјава дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт".

Фото: ЕПА

„Мора да знаеме кои се и каде се нашите непријатели“, рече Макрон на прес-конференција. НАТО мора да донесе стратегија за Русија, а Кина не би требало да биде приоритет, додаде тој.

На НАТО му треба стратегија кон Русија која е „остра, дури и непопустлива, во случај кога Русија организира упади, сајбер напади или заплашувања, но која исто така дозволува да се земе предвид географијата на Европа“, рече Макрон.

Сојузниците на НАТО ќе одржат самит во Брисел следната недела.

Ројтерс на крајот на март објави дека планот вреден 20 милијарди долари за да му се даде на НАТО поголема флексибилност во справувањето со предизвиците како што се подемот на Кина и климатските промени, наиде на силен отпор од Франција, која изрази загриженост дека тој потег може да ги загрози нејзините сопствени приоритети во одбраната.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе