Во интервјуто за Економист

Макрон: Трамп го гледа НАТО како трговски проект

Макрон во драматичното интервју за Економист ги предупреди европските држави дека веќе не можат да се потпираат на Соединетите Американски Држави, односно дека од Америка веќе не може да се очекува дека ќе застане во одбрана на земјите членки на НАТО.

„Повеќе не постои никаква координација во донесувањето стратегиски одлуки помеѓу САД и сојузниците во НАТО и во моментов сме сведоци на агресијата на партнерската Турција во област каде што, без координација, се ставаат во прашање нашите интереси“, рече Макрон.

„Она што се случува е огромен проблем за НАТО“, рече францускиот претседател.

„Ние сме вклучени во борбата против Исламска држава. Парадоксално е дека американската одлука и турската офанзива во двата случаи имаат ист исход: жртвување на нашите партнери на терен, кои се бореа против Исламската држава - Сириските демократски сили (СДФ)“, рече Макрон.

Затоа Макрон смета дека Европа, од една страна, мора да ги зајакне своите воени капацитети и на воен план да стекне стратегиска автономија, а од друга страна, повторно да почне стратешки дијалог со Русија, кој би бил лишен од секоја наивност, за што, процени тој, ќе треба време.

Макрон додаде дека досега Америка и Европа делеле интереси и дека тој неуморно се трудел да ги одржи добрите односи со претседателот Доналд Трамп. Но, смета дека за прв пат Америка има претседател што „не ја дели заедничката идеја за европскиот проект“ и дека, дури и ако Трамп не победи на следните избори, историските случувања го направија своето и ги разделија старите сојузници.

Тој вели дека Трамп на НАТО гледа како на некој трговски проект.

„Според него, тоа е еден проект кој на САД им обезбедува еден вид геополитички чадор, но и одредена трговска ексклузивност. Франција нема да се согласи на тоа“, рече Макрон.

Францускиот претседател вели „Европа мора да се разбуди“.

Шефот на француската држава смета дека „сега е итно неопходно да се разјаснат стратешките цели на НАТО“.

„Она низ што минуваме во моментов може да се опише како клиничка смрт на НАТО. Европа е на работ на бездната“, рече Макрон, додавајќи дека Европа мора да почне стратешки да размислува за себе како за геополитичка сила.

„Во спротивно, Европа повеќе нема да ја контролира сопствената судбина", рече Макрон.

На прашањето дали верува во ефективноста на член 5 на НАТО, односно во идејата дека во случај на напад врз една членка на НАТО, сите други земји-членки ќе им дојдат помош, за што многу аналитичари сметаат дека е главно средство за спречување на напад на членките на НАТО, Макрон одговори: „Не знам. Но, што ќе значи член 5 утре?“

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе