900.000 луѓе веднаш закажаа вакцинација

Макрон најави нови мерки за невакцинираните Французи: нема веќе бесплатен ПЦР

Емануел Макрон, францускиот претседател, нареди сите здравствени работници да бидат вакцинирани до 15 септември и побара од своите сонародници што е можно побрзо да ја примат дозата заштита, со цел да се изборат против порастот на бројот на заразените.

Фото: ЕПА

Рекорден број Французи синоќа се обидоа да резервираат термин за вакцинација против ковид-19, откако претседателот Емануел Макрон објави серија мерки за оние што нема да имаат „здравствена пропусница“.

Обраќајќи ѝ се на нацијата, Макрон објави дека од следниот месец, секој што сака да јаде или да пие во ресторани, да патува со воз или да посети трговски центар, ќе мора да покаже доказ за вакцинација или негативен тест.

Таканаречената „здравствена пропусница“ ќе биде потребна и за присуство на фестивал, театарска претстава или кинопроекција како дел од стратегијата на владата за борба против растечкиот број нови случаи на коронавирусот поврзани со делта-сојот.

„Вакцинацијата не е задолжителна, но ние ќе ја прошириме здравствената картичка до максимум за да поттикнеме што поголем број од вас да се вакцинираат“, рече Макрон.

Како што се очекува, оние што не се вакцинирани ќе мора да направат тест за секој оброк или пијалак во ресторанот.

Макроновото обраќање имаше директно влијание врз многу невакцинирани Французи, па затоа главната веб-страница за состаноци за вакцинација регистрираше нагло зголемување на посетите.

Веб-страницата Доктолиб објави дека биле забележани рекордни 20.000 закажувања во секоја минута во понеделникот вечерта. Веб-страницата објави дека вкупно 926.000 луѓе ја резервирале првата доза на вакцината рано наутро во вторникот, што претставува „апсолутен рекорд“, пренесе Франс 24.

Ковид-тестовите, кои во моментов се бесплатни, од септември ќе треба да се плаќаат „за да се охрабри вакцинацијата наместо да се прават многу тестови“, додаде Макрон.

Францускиот претседател најави и задолжителни вакцинации од септември за здравствените работници, работниците во пензионерски домови и други што работат со ранливи лица, во согласност со сличните потези во Грција, Италија и Велика Британија.

Министерот за здравство Оливие Веран рече дека од септември невакцинираниот персонал нема да може да работи и нема да биде платен.

„Нашата земја се соочува со зголемување на епидемијата, во континентална Франција, но и во странство. Ситуацијата е под контрола, но ако не реагираме сега, бројот на случаите значително ќе се зголеми и ќе доведе до зголемување на хоспитализациите“, рече Макрон во почетокот на своето обраќање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе