Макрон најави формирање воена команда за вселената

Францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање воена команда за вселената, за време на говорот во пресрет на националниот празник Денот на падот на Бастилја.

„Со цел да се обезбеди развој и зајакнување на нашите вселенски капацитети, во септември ќе биде формирана голема вселенска команда“ во рамките на воздухопловните сили кои „на крај ќе станат воена сила на воздухопловството и вселената“, рече Макрон во говорот во Министерството за одбрана, пренесе Франс 24.

Како и секоја година, националниот празник ќе биде обележан со воена парада на авенијата на Елисејските полиња во Париз.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе