Макрон на списокот со потенцијални цели на шпионскиот софтвер

Броевите на францускиот претседател Емануел Макрон и членови на владата се на списокот со потенцијални цели на софтверот Пегасус, што некои држави го користат за шпионирање, изјави Лоран Ричард, директор на организацијата Форбиден сторис, потврдувајќи ги информациите на Ле монд.

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Според истрагата објавена во неделата од конзорциум на 17 меѓународни медиуми, софтверот Пегасус, развиен од израелската група НСО, овозможил шпионирање на мобилните телефони на најмалку 180 новинари, 600 политичари, 85 активисти за заштита на човековите права и 65 деловни лидери.

Шпионскиот софтвер Пегасус, внесен во смартфони, следи пораки, фотографии, контакти, па дури и прислушува разговори на сопствениците на мобилните телефони.

Ле монд во вторникот откри дека броевите на мобилните телефони, вклучително и на поранешниот премиер Едуард Филип и 14 членови на владата, се „на списокот броеви избрани од државните безбедносни служби на Мароко, кои го користат шпионскиот софтвер Пегасус, за потенцијална пиратерија“.

„Ги пронајдовме тие телефонски броеви, но не можевме да извршиме техничка проверка на телефонот на Емануел Макрон за да видиме дали е заразен со тој софтвер, па не ни укажува дали претседателот навистина бил шпиониран“, рече директорот на Форбиден сторис на информативниот канал ЛЦИ.

Тој додаде дека „без оглед дали бил шпиониран претседателот или не, имало интерес за тоа“.

„Ако се потврди ова, очигледно се работи за тешки прекршоци. Наодите на печатот ќе бидат целосно расветлени“, одговори француското претседателство, пренесува Франс прес.

НСО долго време е обвинуван дека работи за авторитарни режими, но тој тврди дека нивната софтверска програма е развиена со единствена цел следење криминалци и терористи.

Истражувачки новинари работеле врз основа на список на мрежата на Форбиден сторис, со седиште во Франција и невладината организација Амнести Интернешнл и опфатиле 50.000 телефонски броеви избрани од НСО од 2016 година за потенцијално следење.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUDOVIC MARIN

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе