Париз

Макрон: „На Советот на Европа ѝ е потребна Русија како што на Русите им е потребен Советот на Европа“

Франција би сакала Русија да продолжи да учествува во активностите на Советот на Европа, рече францускиот претседател Емануел Макрон на денешната заедничка прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд во Париз.

„Би сакал Русија да остане членка на Советот на Европа“, рече Макрон пренесе ТАСС.

„На Советот на Европа ѝ е потребна Русија како што на Русите им е потребен Советот на Европа“, истакна претседателот на Франција, која од мај до ноември ќе претседава со Комитетот на министри на Советот на Европа.

Во почетокот на април, Јагланд изјави дека се надева дека Русија ќе остане членка на Советот на Европа по јуни 2019 година.

Советот на Европа треба да ги почитува правата на Русија како своја членка, додека Русија треба да ги исполни своите обврски, изјави Макрон.

Францускиот претседател рече дека сака Советот на Европа да ја надмине актуелната криза и да „гледа кон иднината“.

За овие цели, според него, организацијата треба „да ги прилагоди своите механизми за човекови права на сегашните предизвици“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе