Макрон му одговори на Трамп: Франција е американски сојузник, а не вазалска држава (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави, откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна на Твитер, дека два долгогодишни сојузници како Франција и Америка мора меѓусебно да се однесуваат со почит и дека Франција е американски сојузник, а не вазалска држава.

Во петте поста објавени вчера на Твитер Трамп го критикуваше клучниот американски сојузник поради поразот кој речиси го доживеа од Германија во двете светски војни и поради винската индустрија и ниската популарност на Макрон.

„Во секој момент од нашата историја сме биле сојузници, а меѓу сојузниците е потребно почитување“, кажа Макрон, истакнувајќи ја француската поддршка во американската војна за независност и американската поддршка во двете светски војни.

„Мислам дека Французите не очекуваат да одговорам на твитовите, туку да ја продолжиме таа важна историја“, кажа Макрон во интервју на носачот на авиони Шарл де Гол.

Тој истакна дека Трамп „игра“ за домашната публика. „Мислам дека си игра политика, и го оставам да си игра политика“, кажа Макрон.

На прашањето за неговиот предлог за формирање европска војска, што Трамп го критикуваше на Твитер минатата недела, францускиот претседател одговори: „САД се наш историски сојузник, и ќе продолжат да бидат тоа. Тоа е сојузник со кој сме преземале ризици, со кој сме изведувале најкомплицирани операции. Меѓутоа, да се биде сојузник не значи да се биде вазалска држава“.

Трамп вчера го нападна Макрон во серија твитови кои покажуваат колку некогаш пријателските односи се расипале, само два дена по враќањето од Париз.

Во петте поста објавени дента кога Франција ја одбележуваше годишнината од терористичките напади во кои беа убиени 130 луѓе во Париз, Трамп го критикуваше клучниот американски сојузник.

Американскиот претседател се врати во Вашингтон по викендот минат во Париз на комеморацијата на 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна каде беа очигледни тензичните односи меѓу него и европските сојузници.

Трамп во вторникот ги истакна Макроновата „ниска популарност“ и нечесната трговска пракса и го бранеше своето отсуство од комеморативниот настан во саботата тврдејќи дека американската тајна служба му го забранила да присуствува поради лошото време.

Целејќи на неодамнешните коментари за тоа дека Европа мора сама да се брани, Трамп напиша: „Во двете светски војни тоа беше Германија – како тоа заврши за Франција? Во Париз почнаа да учат германски пред да се вклучат САД. Платете на НАТО или не!“

„Покрај тоа, нема понационалистичка земја од Франција, горд народ – и со право!“, напиша Трамп во серијата твитови, завршувајќи со порака со големи букви: „Да ја направиме Франција повторно голема“.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе