„Секој нов договор би бил сличен на постоечкиот“

Макрон му кажа на Борис Џонсон дека повторно преговарање за договорот за брегзит не е опција (ВИДЕО)

Британскиот премиер Борис Џонсон се сретна денес со Емануел Макрон, само неколку часа откако францускиот претседател истакна дека повторно отворање на преговорите за брегзит „не е опција“ за која треба да се размислува.

„Мораме да им помогнеме на Британците да ја решат својата внатрешна демократска криза но не смееме да бидеме заложници на таа криза ниту да ја извезуваме“, кажа Макрон.

Тој истакна и дека секоја нова верзија на договорот за брегзит би морал да биде многу сличен на постоечкиот за да биде прифатлив за Европската Унија.

„Нема да можеме да постигнеме нов договор за излегувањето во рок од 30 дена кој би бил многу поразличен од постоечкиот“, истакна Макрон по средбата со Џонсон.

Германската канцеларка Ангела Меркел кажа вчера дека Британија мора да најде план кој може да се примени, а Џонсон порача дека договор би можел да биде постигнат со „доволно трпение“.

Британскиот премиер кажа дека „бекстопот“, воведен за да се спречи тврда граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска која е дел од Обединетото Кралство по брегзитот, мора да се укине за да се спречи излегување на Британија од ЕУ без договор.

Ако „бекстопот“ остане Северна Ирска би продолжила да применува некои прописи од единствениот пазар на ЕУ, ако Британија и ЕУ не успеат да постигнат трговски договор по „разводот“. Според него Британија исто така би останала во единствената царинска територија со ЕУ, и би се усогласувала со сегашните и идните прописи на ЕУ за конкуренцијата и државната помош.

Таквите аранжмани би биле применувани сѐ додека ЕУ и Британија не се сложат дека повеќе не се потребни. Оние што го поддржуваат брегзитот стравуваат дека таквите правила би можеле да останат на неодредено време.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе