ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ФРАНЦУСКИ ВЕСНИК

Макрон: Мојата офанзива на шарм може да го омекне климатскиот став на Трамп

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека неговата гламурозна офанзива на шарм кон Доналд Трамп во Париз била внимателно пресметана - и дека можеби ќе го премисли американскиот претседател за климатските промени, пренесе Асошиејтед прес.

Макрон ја бранеше својата покана до Трамп, чија политика „Прво Америка“ предизвика загриженост и презир во Европа.

„Нашите земји се пријатели, па и ние треба да бидеме пријатели“, рече Макрон вчера во интервју за весникот „Журнал ду диманш“.

По напнатото ракување на нивниот прв состанок во мај, Макрон рече дека тие се запознале „подобро, поинтимно“ за време на посетата на Трамп минатата недела во Париз.

За нивната главна точка на несогласување - повлекувањето на Трамп од историскиот климатски договор од Париз - Макрон вели: „Доналд Трамп ме слушаше. Тој ја разбра причината за мојот став, особено за врската меѓу климатските промени и тероризмот“.

Зголемувањето на сушите и другите екстремни временски услови што се последица од климатските промени предизвикани од човекот ги влошуваат миграционите кризи и конфликтите во некои региони, бидејќи популацијата се бори за смалените ресурси.

„Тој рече дека ќе се обиде да најде решение во наредните месеци. Детално разговаравме за начинот на кој тој би можел да се врати во Парискиот договор“, рече Макрон, според весникот.

Додека беше во Париз, Трамп беше воздржан во однос на евентуалното повторно приклучување на САД кон климатскиот договор, велејќи му на Макрон: „Ако се случи тоа, ќе биде прекрасно, а ако не се случи, пак ќе биде океј“. Трамп смета дека климатскиот договор е нефер кон американските бизниси.

Францускиот лидер призна дека кореографијата на посетата на Трамп во Париз, вклучувајќи го и формалното добредојде на гробот на Наполеон, вечерата во Ајфеловата кула и почесното место на воената парада на Денот на Бастилја, имала цел да им даде на Американците „посилна слика за Франција“ откако смртоносните напади од ИСИС го оштетија виталниот туристички сектор на земјата.

Таа била насочена и кон самиот Трамп, кој претходно рече дека Париз е уништен од заканата од тероризам, која тој ја поврзува со имигрантите.

„Мислам дека Доналд Трамп замина со подобра слика за Франција од таа што ја имаше кога дојде“, рекол Макрон.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе