Макрон: Мислам дека сè уште може да се преговара со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Еј-би-си кажа дека верува дека преговори со рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната се сè уште можни. Макрон кажа дека инвазијата на Украина е голема грешка на Путин.

EPA-EFE

Макрон во интервјуто зборува за својата посета на Вашингтон и јакнењето на Франција како најстар сојузник на Соединетите Американски Држави, особено во текот на војната меѓу Русија и Украина. Новинарот го праша францускиот претседател за неговата визија за успешни мировни преговори.

„Добар мир не е мир кој двете страни нема да го прифатат на среден и долг рок“, коментираше францускиот претседател.

„Мислам дека претседателот Путин направи голема грешка со почнувањето на оваа војна“, кажа Макрон спомнувајќи ги договорите од Минск склучени меѓу Русија и Украина по 2014 во обид да се спречи војна.

„Постоеше политички и дипломатски процес во кој беше вклучена меѓународната заедница. И тој реши сам, врз основа на лажен наратив, кажувајќи дека НАТО ќе ја искористи Украина за да ја нападне Русија, што е сосема погрешно“, кажа Макрон.

Новинарот го праша Макрон дали човек кој е способен да донесе таква погрешна одлука е способен да преговара за мир. „Тоа е прашањето. Сепак, се надевам дека Путин ќе биде рационален во преговорите за завршување на војната.

Путин е долго на челото на Русија, ги познава своите луѓе. Згреши што ја нападна Украина. Можно ли е да се врати на преговарачката маса со Путин? Мислам дека тоа сè уште е можно“, кажа Макрон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе