Макрон критикуван поради прославата на 40-тиот роденден во кралски стил

Францускиот претседател Емануел Макрон во саботата го прослави својот роденден во иконскиот замок на кралот Франсоа Први, избор осуден од страна на критичарите како пример за тоа како е „отуѓен од народот“.

Макрон, кој наполни 40 години во четвртокот, викендот го поминува со својата сопруга Бриџит и проширокото семејството во замокот Шамбор во долината на Лоара во Франција, објави францускиот весник Ла Нувеле Република.

Со својата фасада од бајка, детално обложена покривна линија и огромни основи, Шамбор е веројатно најпознатиот ренесансен замок во долината, се наоѓа на околу 200 километри југозападно од Париз.

Макрон и неговото семејство ќе престојуваат во една од куќите на огромниот имот, велат француските медиуми, со роденденска гала која ќе се одржи во сабота вечер во една од 440 соби во замокот, пренесе АФП.

На имот има неколку вили со четири ѕвезди, што можат да се изнајмат за 800 до 1.000 евра за викенд.

Елисејската палата вели дека Макрон и неговата сопруга користат приватни средства за да го платат нивниот престој.

Но, изборот на местото сепак беше критикуван од некои француски политичари.

„Зошто го слави својот роденден во Шамбор?“ запраша радикалниот левичар Жан-Лук Меленхон, цитиран во весникот Ле Фигаро.

„Колку чудна идеја! Јас сум толку републиканец што сè околу кралските симболи ме измачува, смешно ми е“, рече тој.

„Додека Французите се мачат со даноци, несигурност, имиграција, Макрон го слави својот 40-ти роденден на Шамбор“, напиша на Твитер десничарскиот политичар Николас Дупонт-Ајгнан.

„Ерите поминуваат и олигархијата останува отсечена од луѓето“, рече тој.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе