Нагласени поделби меѓу истокот и западот на ЕУ

Макрон: Ќе се видам со Путин и без самит на ЕУ

Претседателот Емануел Макрон вчера го бранеше неуспешниот обид на Франција и Германија да одржат самит со рускиот претседател Владимир Путин. Лидерите на земјите од Источна Европа ја отфрлија таа иницијатива, за која веруваат дека ќе испрати погрешна порака до Москва.

Фото: ЕПА

Состанокот, предложен од Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, кои во последните неколку години се обидуваат да заземат помалку кавгаџиски став кон Русија, ги подели лидерите собрани во Брисел по должината на старата линија исток-запад.

Макрон рече дека предлогот предизвикал долга и тешка дискусија, но смета дека прашањето за самитот не е приоритет.

„Немаше консензус за брз самит. Според мене, ова не е трагедија. Најважно е да останеме единствени. Поделбите нѐ слабеат“, рече Макрон на прес-конференцијата.

Тој додаде дека не е опседнат со самит со 27-те лидери.

„Да бидам искрен, мене не ми треба ЕУ-самит за да го видам Владимир Путин. Го имам видено неколку пати како претседател и ќе продолжам да го гледам“.

Макрон им порача на другите лидери на ЕУ дека не ги искажале истите забелешки кога американскиот претседател Џо Бајден се состана со Путин, пренесе Ројтерс.

„Го видовме претседателот Бајден како се состанува со Путин пред неколку недели. Им кажав на моите пријатели на масата: тој не побара мислење од вас. И видовте дека тие се сретнаа и не бевте шокирани од тоа. Ние сме тие што се чудни“, рече францускиот претседател.

Самитите на ЕУ со Русија прекинаа откако Москва го анектираше Крим во март 2014 година и Западот воведе санкции.

Макрон рече дека самитот со Русија би бил „дијалог за одбрана на нашите интереси“ и дека ЕУ мора да биде проактивна во дипломатијата со Русија.

Италија, голем извозник во Русија, со инвестиции во руската енергија, исто така го поддржува самитот со Путин, рече премиерот Марио Драги.

„Русија е важен играч на економскиот и политичкиот фронт... Мора да имаме активен дијалог“, рече Драги пред новинарите на самитот во Брисел.

И австрискиот канцелар Себастијан Курц исто така го поддржа предлогот за самит, но многу други лидери беа против, а најгласни беа најблиските руски соседи.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки пред новинарите изјави дека Путин мора да прекине со својата „агресивна“ политика против соседите и дека не може да има самит сѐ додека Москва го држи Крим и ги поддржува сепаратистите во источна Украина.

Премиерот на Летонија, Кришјанис Каринш, смета дека ЕУ ризикува да ја награди Русија со самит, иако дипломатијата не успеа да го прекине конфликтот во источна Украина.

Путин останува заинтересиран за подобри односи

Кремљ соопшти дека е посветен на подобрување на односите со ЕУ, најголемиот руски странски инвеститор и голем купувач на нафта и гас, а руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ЕУ ја поткопува агресивно малцинство.

„Генерално, претседателот Путин беше и останува заинтересиран за подобрување на работните односи меѓу Москва и Брисел“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Позицијата на Европа е поделена, не секогаш доследна и понекогаш нејасна“.

Ројтерс пишува дека неуспехот на оваа иницијатива ги потенцира контрадикторните притисоци со кои се соочува ЕУ, која вели дека никогаш нема да го признае Крим како руска територија и ја обвинува Москва за тајни операции во обид да ги поткопа нејзините демократии.

Во соопштението лидерите на ЕУ ги повикаа Европската комисија и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, „да презентираат опции за дополнителни рестриктивни мерки, вклучително и економски санкции“ против Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе