Продолжување на дијалогот на Србија и Косово во Брисел

Макрон ќе се сретне со Вучиќ и Хоти пред самитот

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред виртуелниот самит на Косово и Србија на 10 јули, одвоено ќе се сретне со косовскиот премиер Авдулах Хоти и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Од кабинетот на Хоти е најавено дека косовскиот премиер денес ќе разговара со Макрон во Елисејската палата во Париз.

Во рамки на подготовките за самитот на Косово и Србија, претседателот на Франција во четврток, 9 јули, ќе го прими претседателот на Србија Вучиќ, објавено е на сајтот на амбасадата на Франција во Белград.

На иницијатива на Макрон, во петок на 10 јули ќе биде одржан видео-самит за да се заживее дијалогот Белград-Приштина, прекинат пред 18 месеци, и за Европската Унија да може да посредува и да го олесни наоѓањето решение.

Самитот се организира во контекст на самитот во Берлин на 29 април 2019, како резултат на чекорите кои ги преземаа Франција и Германија, заедно со Србија и Косово, со цел зацврстување на стабилноста на Балканот и јакнењето на врските со Европската Унија.

На самитот во петок ќе учествуваат Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот Вучиќ, премиерот Хоти, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Вучиќ и Хоти потоа во недела, на 12 јули, ќе се сретнат во Брисел што ќе значи продолжување на дијалогот со посредство на Европската Унија.

Во Брисел е најавено дека на таа средба ќе биде обновена расправата и работата на постигнување сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализација на односите на Србија и Косово, и за сите отворени прашања.

Дијалогот за нормализација на односите на Белград и Приштина почна во 2011 година, а сопре кон крајот на 2018, поради царините кои косовските власти ги воведоа на увозот од Србија.

Таа мерка подоцна беше заменета со „реципроцитет“ кој новата косовска влада го укина два дена по преземањето на должноста, за да даде шанса за продолжување на дијалогот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе