Макрон ќе му предложи на Путин „начин за смирување на украинската криза“

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе му предложи на рускиот колега Владимир Путин „начин за смирување на украинската криза“ за време на разговорите закажани за следните неколку дена, соопшти синоќа Елисејската палата.

Фото: ЕПА

„Загрижени сме и многу внимаваме да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, соопшти француското претседателство поради тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Елисејската палата додаде дека претставници на министерствата на Франција, Германија, Русија и Украина в среда во Париз ќе одржат состанок за Украина.

Од друга страна, Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Џозеф Бајден во текот на ноќта ќе има видеосредба со неколку лидери на Европската Унија за ситуацијата во Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе