Ја истакна „мозочната смрт“ на НАТО

Макрон ја обвини Турција за играње „опасна игра“ во Либија

Францускиот претседател Емануел Макрон ја обвини Турција за „играње опасна игра“ со мешањето во Либија и изјави дека нелегалното соочување на турски воен брод со француска фрегата го потврдува неговиот коментар за „мозочната смрт“ на НАТО.

EPA-EFE

„Турција игра опасна игра во Либија и ги нарушува своите обврски преземени со Берлинската конференција“, изјави Макрон, мислејќи на состанокот од јануари коспонзориран од Анкара и Москва.

Опишувајќи ја ситуацијата во Либија како „неподнослива“, Макрон повика на „прекин на незаинтересираноста и едностраните акти на оние кои сакаат да освојат нови позиции преку поттикнување на војната“.

Во изминатите две недели, Париз ја обвини Анкара за прекршување на меѓународните санкции против Либија. Турција испраќа трупи и воена опрема во северноафриканската земја за поддршка на меѓународно признатата влада во Триполи, која води граѓанска војна против Либиската национална армија на ривалската влада на истокот на земјата. Анкара ја обвини Франција за поддржување на ЛНА, предводена од генералот Калифа Хафтар.

„Во Либија, ние ја поддржуваме легитимната влада, а француската влада поддржува нелегитимен милитант и ја загрозува безбедноста на НАТО, безбедноста на Медитеранот, безбедноста на Северна Африка и либиската политичка стабилност“, изјави во понеделникот Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Обидувајќи се да го спроведе ембаргото на оружје покрај брегот на Либија, француската фрегаа Ле Курбе била држена на нишан од страна на турски воен брод на 10 јуни. Иако немало размена на оган, инцидентот ги крена тензиите меѓу Париз и Анкара.

Макрон исткан дека поморскиот инцидент е „најубавата демонстрација“ на неговите коментари за „мозочната смрт на НАТО“, дадени минатата година кога Турција испрати трупи во Сирија без да се консултира со сојузниците. И Франција и Турција се членки на воениот пакт предводен од САД. Ердоган тогаш искоментира дека единствениот со мозочна смрт е лично Макрон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе