петок, 26 април 2024

Лазаров го објави поширокиот список за Фарски Острови, Стоилов е засилување во стручниот штаб

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров го објави поширокиот список за бараж дуелите со Фарските Острови за пласман на Светското првенство, Стојанче Стоилов е освежување во стручниот штаб.

Објавено на

часот

Сподели

Лазаров објави список од 36 ракометари, од нив петмина се интернационалци, Митревски од Порто, Талески од Бенфика, Димитриоски од Ваљадолид, Поповски од Цирих и Костески од Плзен, останатите играчи се од домашното првенство.

Новина е внесувањето на Стојанче Стоилов во стручниот штаб, тој ќе ја има улогата на помошник тренер.

Првиот натпревар со Фарските Острови го играме на 8. мај на гостински терен од 18 часот, реваншот е на 12. мај во Скопје од 19 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ