Макрон ја коментираше изјавата за „клиничката смрт“ на НАТО: Тоа е повик на будење (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека неговата изјава за „клиничката смрт“ на НАТО послужила како корисен повик на будење до членките на Алијансата.

На таа изјава пред самитот бурно реагираа европските сојузнички кои сметаат дека Европа и понатаму треба силно да се потпира на НАТО кога станува збор за одбраната.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 3 и 4 декември во Лондон, а на него ќе учествуваат и американскиот претседател Доналд Трамп и турскиот Реџеп Таип Ердоган.

„Прашањата кои ги поставув се отворени прашања кои сѐ уште не сме ги решиле“, кажа Макрон на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Париз.

„Мир во Европа, ситуацијата по ИНФ (Договорот за елиминација на нуклеарните проектили со краток и среден дострел), односите со Русија, прашањето на Турција, кој е непријателот? И затоа велам: сѐ додека тие прашања не се решени да не преговараме за поделбата на трошоците и товарот, или ова или друго“.

„Затоа ни е потребен повик на будење. Дранго ми е што тоа беше кажано, драго ми е што сега сите веруваат дека треба да размислуваме за нашите стратегиски цели’, кажа Макрон.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе