„Ладен туш“ за Хрватска, Бугарија и Романија?

Макрон инсистира на преговори за границите на Шенген зоната

Францускиот претседате Емануел Макрон изјави дека се залага за нови преговори за Шенгенскиот простор, јавува Јуроактив. Тој инсистира на преговори па дури и ако резултатот биде „Шенгенски простор со помалку земји членки“.

Макрон оцени дека „заедничките граници, Шенген, како и Даблинскиот договор повеќе не функционираат“, мислејќи на неуспехот на Европската Унија да го ревидира системот на давање азил.

Според одредбите на Даблинскиот договор, државата-членка која е одговорна за решавање на барањата за азилот на бегалците или емигрантите е првата земја во која влегле азилантите.

Меѓутоа, бегалската криза која ја погоди Европа во периодот од 2015 до 2016 година покажа дека повеќето баратели на азил не сакаат да останат во земји во кои првпат влегле во ЕУ (најчесто Грција, Италија или Шпанија), туку се трудат да стигнат до Германија или Шведска.

Макроновата идеја за нови преговори за Шенген зона со помалку држави членки не се новост. На неформалниот самит на Европската Унија во Салцбург минатата година тој ги критикуваше државите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) бидејќи одбиваат да ги преземат емигрантите во рамки на програмата на разместување на Европската комисија.

Францускиот претседател тогаш кажа дека „земките кои нема да покажат солидарност на крајот ќе мора да го напуштат Шенген и повеќе нема да добиваат финансиска помош од структурните фондови“.

Шенген зоната со помалку држави-членки, според Јуроактив, најверојатно би ја исклучила Грција, која се смета за проблематична членка во смисла на ефикасноста во процесирањето на барањата за азил.

„Тоа исто така ви бил „студен туш“ за трите земји кандидатки за Шенген зоната, Бугарија, Романија и Хрватска, кои исто така се надеваат да се припојат кон Шенген зоната“, пишува Јуроактив.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе